ОРДАНОВСКИ: Богоевски кажа спектакуларни работи за македонската јавност!

Сподели

ordan

Поранешниот директор на УБК, Слободан Богоевски, кажува работи кои некои од нас ги знаеме, но не може да ги кажеме бидејќи тој ги има доказите за тоа, познато е со што се занимава семејството Мијалкови и таткото и синот, но убаво е да гo чуете тоа од човек кој има документи за тие работи, вели аналитичарот Сашо Орданоски, по синоќешното интервју на Богоевски за Телма во кое тој кажа дека Јордан Мијалков работел за српската тајна служба, дека бизнисменот Кондаминас го држел Никола Груевски во џеб, дека Сашо Мијаков бил приведуван за трговија со дрога.

– Богоевски тоа што го кажа е спектакуларно за македонската јавност, упатените знаат и многу повеќе детали од тие што вчера беа кажани. Има уште многу да се каже за тоа кои се Мијалкови и кој е Груевски, и сите тие информации се скандалозни. Меѓутоа, поради тоа што многу од тие работи нема каде да се објават и не можат да се докажат без сведоци и соговорници, тешко е да се изнесат на начин на кој тоа го направи Богоевски. Ова во секој случај беше едно историско интервју, за тие што сакаат да сфатат за што станува збор, многу работи се кажаа – вели Орданоски.

 На прашањето дали ова ќе влијае на партиите што преговараат за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на избори, Орданоски вели дека тие знаат кои се Груевски и Мијалков.

– Прашањето е сега кој седи од другата страна, што е неговиот интерес. Љубчо Георгиевски многу добро знае кои се Мијалкови и Груевски, можеби само на Ламбе Арнаудов кој е поотсутен од македонската реалност треба да му се објаснат работите – вели Орданоски.

Во однос на гласачите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, Орданоски смета дека тие и досега имале прилика да чујат за криминалите на партиското раководство преку прислушувните разговори.

извор: Плусинфо