Организации за човекови права: Словачка ги дискриминира ромските децата

Сподели

Организациите кои се занимаваат со заштита на човековите права велат дека Словачка нема направено ништо за да се стави крај на дискриминацијата на ромските деца во образовниот систем, јавува Anadolu Agency (AA).

Во заедничката изјава објавена во петокот„Амнести интернешенал” и Европскиот центар за правата на Ромите известуваат дека ромските деца се повеќе застапени во училиштата за ментално ретардирани, и дека се сместени во посебни паралелки или училишта.

Организации тврдат дека ромските деца добиваат слабо образование, и дека на тој начин се осудени да живеат во сиромаштија и изолација.

Европската унија претходно издаде предупредување до Словачка, но и до Унгарија и Чешка, поради дискриминација.

Сепак, во извештајот се вели дека „ромските деца остануваат заробени во еден маѓепсан круг на сиромаштија, маргинализација и очај”.

Во извештајот организациите ја повикаа ЕУ да ја притисне Словачка за да ја усогласи својата политика во согласност со законите на ЕУ за расна дискриминација.

Anadolu Agency