Прво директно набљудување на гравитациски брановиНа официјална прес конференција, научните тимови вклучени во овој проект ги објавија првичните резултати кои јасно укажуваат на директна детекција на гравитациските бранови. Имено според приложените анализи и набљудувања станува збор за сплотување на две црни дупки, секоја со маса од 30 сончеви маси на оддалеченост од 1 милијарда св. години од нас. Овој настан бил забележан на 14 септември 2015, траел само 0,2 секунди додека овие две тела орбитирале една околу друга со половина од брзината на светлината и конечно се сплотиле во една помасивна црна дупка. При сплотувањето се ослободила енергија од 3 сончеви маси во вид на гравитациски флуктуации (бранови).
Веќе во јуни беше објавен и втор ваков настан. Проксима Кентаур има карпеста планетаДенеска научници од Европската јужна опсерваторија објавија рецензиран научен труд преку кој се откри и потврди со голема веројатност дека најблиската планета до нашиот Сончев систем, Проксима Кентаур содржи карпеста планета која обитира во област каде има услови за појава на течна вода на површината. Новиот свет колоквијално наречен ’Проксима б’ (Proxima b) орбитира околу својата матична ѕвезда на секои 11 дена. Овој карпест свет со малку поголеми димензии од Земјата претставува најблиско место каде би можело да се појави живот на површината вон нашиот Сончев систем.
Нови докази упатуваат на Планета ДеветВо блиското минато откога се постави како хипотеза Планетата Икс имало многу најави за нејзино откривање дури и оваа хипотеза била основ аза многу шпекулации во јавноста. Овој пат реномирани астрономи од Калифорнискиот технолошки институт – Калтек денес приложија докази за можно постоење на деветта планета во Сончевиот систем. Новата хипотетичка планета би можела да орбитира околу Сонцето секои 15.000 години, со големина на Нептун, десетина земјени маси и 20 пати пооддалечена од последната планета. Оваа планета доби колоквијално име: „Планета Девет“.
Крај на мисијата Розета и повторно слетување на кометата 67ПНаучниот Дизниленд, најплодната мисија кон комета наречена Розета заврши со контролирано „слетување“ што во реалност беше рушење на порозната површина при што сигналот се загуби засекогаш. Оваа богата мисија испраќаше мноштво на податоци кои ќе се обработуваат во наредните десетина години за да имаме детално разбирање за кометите и состојбата во раните фази на нашиот Сончев систем.
Антиматеријата за прв пат спектрално анализиранаНовообјавен научен труд во списанието Нејчр од научниот тим на Алфа, секторот за антиматерија во Церн, објавија дека за прв пат е снимена спектрална анализа на антиматерија. Големиот технички и научен подвиг дозволува развој на нова гранка во физиката за прецизно истражување на антиматерија. Ова е резултат на повеќе од 20 години научен развој во секторот за антиматерија во Церн.
Јунона пристигна во орбита на ЈупитерВселенската мисија Јунона која започна пред 5 години со лансирање на сателитот и поминати милијарди километри, денес успешно влезе во орбита на Јупитер. Ова претставува втора мисија во орбита на Јупитер, првата беше Галилео. Мисијата е предвидена да трае околу 20 месеци и треба да ја истражува внатрешноста и големината на јадрото, магнетното поле и областа каде се создава, составот кој ќе ни открие детали за зачетокот на Сончевиот систем, структурата на облаците и останатите атмосферски феномени како Големата црвена дамка и други карактеристики на најголемата планета во нашиот систем.
Година на ракети за повеќекратна употребаВо 2015 година за прв пат две компании успејаа да ги приземјат ракетите за да можат да се употребат повторно. Во 2016 тој технолошки развој продолжи каде Блу Ориџин освен што ја приземјиа истата ракета по четврти пат, направија и неколку тестови со контролирано откажување на дел од системите. СпејсЕКС пак во меѓувреме со пет успешни слетувања на различни ракети како на копно така и на платформа сред океан.
Детални анализи на егзопланетиОваа година се забележа тренд на детално анализирање на различни особини на егзопланети, хемиски состав на нивните атмосфери, климатски промени и други егзотични карактеристики на екстрасоларни системи. Покрај веќе споменатото откритие за карпеста планета околу наблиската ѕвезда, од оваа област може да се издвојат неколку откритија: – Забележан е хемискиот состав на егзопланета Вода под површината на ПлутонСо анализа на добиените набљудувања и анализи од податоците кои ги испрати вселенската сонда Нови Хоризонти дојдено е до заклучок дека на Плутон има потповршински глобален океан. Големата рамнина на Плутон наречена Спутник Плато со ширина од 1000 км чии површински карактеристики делуваат како конвективни ќелии наведуваат на голем удар. Неколку хипотези упатуваат дека тој регион е создаден од астероиден удар кој ја пробил кората дебела околу стотина километри и ја открил течната внатрешност која се состои од солена вода.
Супернова или гравитациски растргната ѕвездаМистерија зачната и разрешена во 2016: Во јануари оваа година беше забележана невообичаено сјајна светлина во далечна галаксија за која првично се мислеше дека е супернова. Но при понатамошно набљудување со помош на повеќе различни обсерватории заклучено е дека има мала шанса светлината да потекнува од супернова. Новиот предлог за потеклото на овој настан е уште поредок и поекстремен феномен каде брзо ротирачка супермасивна црна дупка растргнува ѕвезда која дошла во голема близина до неа.
|