ОРИОН: Егзотичната форма на месечината Пан

Сподели
Втората најблиска месечина на Сатурн, наречена Пан која обитира во сатурновите прстени се карактеризира со многу невообичаена форма како орев со истакнат екваторијален гребен.

Пан месечина

Фотографијата со највисока резолуција направена досега од месечината Пан (с) NASA/Cassini/Kevin Gill
Месечинката Пан била откриена со помош на фотографиите од вселенското летало Војаџер 2, чија позиција претходно била хипотетизирана. Нејзините димензии се 40 км во дијаметар на екваторот и 25 км на половите, незиниот екваторијален гребен на некои места достигнува висина од 5 км и ширина околу 500 метри. Екваторијалниот гребен се создава од гравитациско собирање на честици и карпи од сатурновите прстени, правејќи го процепот Енке што претставува патеката во која орбитира.

Пан месечина Сатурн

Поглед од другата страна (с) NASA/Cassini/Ian Regan
На 7 март оваа месечина беше фотографирана од вселенската сонда Касини со најголема резолуција досега каде се забележуваат фасцинантни детали од нејзината површина и структура на екваторијалниот гребен кој делува како површински прстен. Браздите кои се забележуваат на нејзината површина се последица од големите плимини сили предизвикано од Сатурн и нејзината благо ексцентрична орбита.

Пан меѓу прстените

Месечинката Пан осветлена директно од Сонцето и од другата страна осветлена од Сатурн. Од страните се забележуваат сатурновите прстени (с) NASA/Cassini/Ian Regan

Picture

Секвенца од неколку последователни фотографии направени со вселенската сонда Касини (с) NASA/Cassini. Jason Major

Пан и процеп Енке

Прстените на Сатурн, процепот Енке и малата месечинка Пан (с) NASA/Cassini

Picture

Од друга перспектива, месечината Пан додека орбитира во прстените на Сатурн (с) NASA/Cassini