Авторот фотографира фасцинантни пејзажи осветлувајќи ги со програмиран дрон кој кружи околу една точка, на дронот има прикачено неколку лед светла со кои ја осветлува површината. Во некои од фотографиите тој ја остава и осветлената трага од дронот за време на долгата експозиција добивајќи ореоли околу врвовите од карпите, пренесени на Орион.мк.
Оваа серија на пејзажи се дел од неговиот проект Lux Noctis кој е исполнет со прекрасни и невообичаени фотографии снимени на егзотични локации каде има интересни форми на карпи што создаваат колоритни пејзажи. Според авторот Рубен Ву, неговиот пристап е сублимат на наука, технологија и фикција.
За време на едно од неговите снимања во Аризона тој имал среќа во позадината да помине ракетата Фалкон Хеви на СпејсЕКС за време на последното палење на моторите 6 часа по лансирањето за да се ослободи од земјината гравитација. Последниот стадиум од ракетата оставила трага од издувните гасови што ја продлабочуваат мистичноста на оваа фотографија.