Вселенското летало Јунона кое е во орбита на Јупитер веќе една година. Во вторникот сондата го направи својот седми близок прелет покрај планетата прелетувајќи на само 3.500 км од последните слоеви на атмосферата. За време на прелетот Големата црвена дамка се наоѓаше точно под вселенската сонда со кој се направија интерени снимки од овој највпечатлив белег на џиновската планета.
За прв пат добивме нова перспектива од Големата црвена дамка која се создава од антициклонски стуења во атмосферата на Јупитер. Овој белег знаеме дека постои веќе повеќе од 350 години, а во последните стотина години континуирано се собира и нејзините димензии се неколкукратно намалени. Со такво темпо Големата црвена дамка може комплетно да исчезне како атмосферска формација во наредните триесетина години. Со Јунона ќе добиеме многу подобра претстава за нејзиното создавање и дали е можно во иднина да почне да расте во димензии како што била во минатото.
По објавувањето на сировите фотографии кои беа снимени пред само два дена, најдобрите астрофотографи веднаш ги обработија сликите, ги објавија низ социјалните мрежи и интернет порталите. Погледнете некои од најуспешните обработени снимки.