Извонредна компјутерски генерирана просторна визуелизација која симулира прелет низ густите молекуларни облаци во Орионовата маглина што претставува многу активно место каде се создаваат нови ѕвезди. Видео клипот е генериран од научните набљудувања со помош на вселенскиот телескоп Хабл во видлива светлина и вселенскиот телескоп Спицер во инфрацрвена светлина.
Додека со камерата се прелетува низ маглината, во видното поле се гледаат некои од првородените ѕвезди во тој маглив регион од густи облаци кои светат поради високото ниво на радијација испуштено од најмасивните ѕвезди.
Во јадрото се забележуваат објекти во форма на гасовити полноглавци во чие средиште се наоѓаат протопланетарни дискови каде во моментот се создаваат нови ѕвезди и планети. На анимацијата прикажани се пејазажи од живописни облаци кои се издлабени од ѕвездениот ветер на најмасивните ѕвезди чија површинска температура надминува 10.000° С.