Илон Маск пред неколку дена на Твитер објави фотографии од ракетата Фалкон Хеви која треба да се лансира од Кејп Канаверал во јануари 2018.
Фалкон Хеви на СпејсЕКС ќе биде најмоќната ракета воопшто во употреба, двојно помоќна од Делта IV Хеви. Сепак во споредба со Сатурн V, ракетите кои беа употребувани за Аполо мисиите на Месечината, овој модел останува најмоќна ракета користена во досегашната историја со двојно поголема моќност од Фалкон Хеви.
За ентузијастите и љубителите на ракетната индустрија ова ќе биде интересен подвиг за приватната компанија СпејсЕКС. Освен новите можности за лансирање, на првиот пробен лет како товар ќе биде лансиран првиот модел електричен автомобил произведен од Тесла, Роудстерот кој ќе биде исфрлен од гравитацијата на Земјата и оставен да талка во орбита околу Сонцето близу орбитата на Марс, засекогаш.