Оружен инцидент во иранскиот Парламент

Сподели

Оружен инцидент се случи во иранскиот Парламент. Повеќе лица се ранети во два оружени напади во главниот град на Иран, Техеран.

„Едно лице денеска влезе во иранскиот парламент и почна да пука кон обезбедувањето. Откако напаѓачот во нога застрела еден член на обезбедувањето, тој побегна, тврдат иранските медиуми.

Покрај тоа, повеќе лица се ранети во оружен напад недалеку од турбето на Ајатола Хомеини, јавува државната телевизија.