Оштина Охрид: Посетите да се редуцираат заради ширењето на КОВИД-19

Сподели

 

Општина Охрид упатува апел и молба до граѓаните на општината да ги редуцираат своите активности во просториите на општинската зграда и своите контакти со службите на општината да ги остваруваат телефонски или електронски. Активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината се достапни на општинската веб страница.

Во просториите на Општина Охрид се препорачува да влегуваат само странки кои имаат итни и неодложни работи поврзани со општината, при што задолжително треба да се носи заштитна маска и да се врши дезинфекција на раце.

Овој апел е во насока на поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот КОВИД 19 и обезбедување на непречено и побезбедно функционирање на општинските служби.

Општината упатува апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни мерки за заштита и превенција кои се донесени од страна на Министерството за здравство.