Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, имаше средба со новиот постојан претставник на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери.
На средбата вицепремиерот Османи го информираЛ Атебери за работата на Секретаријатот за европски прашања, нотирајќи ги надлежностите и политичката агенда. Тој го посочи моменталниот фокус на Владата, но и на СЕП, во поддршка на реформискиот процес преку Планот 3-6-9 и Мастер планот за ИПА.
Атебери, пак, пред Османи го презентираше портфолиото на УСАИД со сите области и конкретни проекти што се спроведуваат во Република Македонија. Притоа потенцираше дека УСАИД целосно ја поддржува македонската Влада за унапредување на процесите за евро-атлантска интеграција.