Османи до странските амбасадори: Загриженост за компромитирање на изборниот процес

Сподели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во текот на вчерашниот ден оствари средби со четири амбасадори на странски земји.

Шефот на македонската дипломатија на својот ФБ профил објави дека им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјава.

“Средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон. Во фокусот на разговорите потребата за почитување на Рамковниот договор како и посветеното вложување во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес.

Нагласена соработката во делот на зачувување на стабилноста и справувањето со безбедносните предизвици како значајни сојузници во рамки на НАТО Алијансата”, објави министерот Османи.