Министерот Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите изјави дека отворањето на клуб во Охрид кој го носи името на цар Борис Трети е на штета на бугарската заедница во земјава бидејќи претставува провокација.
“Името е избрано такво, цар Борис, но мислам дека не е во духот на втората точка од конвенцијата, зашто не создава услови за толеранција, соживот и добрососедство. Го сметам името за провокација и мислам дека е на штета на бугарската заедница во Македонија. Дали тоа некој го прави свесно, не можам да кажам. Како човек на функции и со искуство, сметам дека е на штета на Бугарите во услови кога тие, според Протоколот и договорите со Бугарија имаат можност да ги развиваат своите активности како заедница. Кој им го штити угледот и овде и пред меѓународната заедница не можам да кажам, но факт е дека не е во итнерес на Бугарите од Македонија. Тоа им пречи за афирмација на малцинските вредности на Бугарите во земјава. Но самите тие, како и Бугарија е најдобро да кажат дали и колку штети трпат“, рече Османи.
Имињата како цар Борис и Иван Михајлов се така избрани, што не само што се неприфатливи за нас во Макаедонија, туку и за пошироката меѓународна заедница, додаде министерот Османи.