Османи ќе го презентира статусот на спроведувањето на Планот „3-6-9“

Сподели

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на прес-конференција во Владата ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот „3-6-9“.

Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април.

Напредокот во имплементацијата на Планот „3-6-9“ Османи вчера во Брисел го презентираше пред високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Тој ја информирал Могерини дека Македонија ги испорачала реформите во соодветниот период за извештајот на Комисијата позитивно да го оцени напредокот на државата.