Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги осуди навредите кои функционер на ДУИ во интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
– “Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи. Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така да немаме дилема во тој дел, рече Османи и потенцира дека не смеат да ја преземат улогата на истражни органи за да можат да казнат некого.”