Османи: Прво да го видиме предлогот за кревање на бугарското вето па ќе дадеме став

Сподели

 

“Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација”, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија за пчеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме“, рече Османи.