“Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи. Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран”, изјави утрово министерот Филипче.
“Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита.
Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем”, додаде министерот.