Осум нови кандидати за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет донесе одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините. Партијата се водеше од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните.

Огромно мнозинство на граѓани се определија за поддршка на нови и некомпромитирани имиња за градоначалници кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.

1. Општина Аеродром – Доцент Доктор Тимчо Муцунски

Д-р Тимчо Муцунски е доцент на Правниотфакултет „Јустинијан први” во Скопје каде предава Римско право, Реоторика и ПравнаАргументација. Тој е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и меѓународен секретар на ВМРО-ПМНЕ. Има богато меѓународно искуство како и во научната работа така и во политиката.

2. Општина Карпош – Доктор Оливер Зафировски

Доктор Оливер Зафировски е специјалист педијатар, пулмоалерголог со над 32 годишно искуство. Работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде беше и директор во период од 2006 година до 2017 година. Во тек на мандатот, доктор Зафировски од Институтот кој беше стара дотраена барака изгради современ Институт по сите светски стандарди. Во 2016 година во рамки на Институтот го основаше Центарот за цистична фиброза. Доктор Зафировски има издадено три книги на тема климатски промени и влијание врз здравјето на луѓето, а четвртата е во печат. Доктор Зафировски беше советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година, потпретседател на ОК Карпош во два мандати. Оженет е и татко на едно дете.

3. Општина Битола –  Доктор Тони Коњановски

Д-р Тони Коњановски  роден е на  28.01.1962 година во Битола. Високото образование го започнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во генерацијата 1981/82 год. а го продолжува на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, каде и дипломира. Својот работен стаж го отпочнува во ЈЗУ Здравствен дом во Ресен каде од 1982 па се до 2000 година работи како лекар во Службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Во периодот 1997-2000година, Д-р Коњановски е назначен за Шеф на оваа служба. Од 2000 год. кога конкурира и се префрла во тогашниот Завод за здравствена заштита, па се до сега,  Д-рКоњановски во континуитет работи во оваа институција на различни позиции. Од 2000 год. упатен е на Специјализација по Епидемиологија на Институтот за Епидемиологија при Медицинскиот Факултет во Скопје. По специјализирањето, сега како Доктор специјалист Епидемиолог, назначен е како раководител на Отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за Епидемиологија при ЈЗУ ЗЗЗ Битола. Во текот на раководењето со овој отсек го осовременува, воведува нови методи и стандарди во работата, па сега со право може да се каже дека Отсекот за ДДД е лидер во регионот и на високо место во Републикава во обемот, квалитетот и стандардите во оваа дејност.

Во 2007 год. Др. Коњановски е назначен за стручен раководител на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, на која позиција останува до октомври 2016 година кога е назначен за директор на Центарот за јавно здравје. На позицијата директор останува до 08.2017. Успешно ги завршува  двете едукации за Менаџери и директори во Јавните здравствени организации, организирани од Министерството за здравство, по што се стекнува со сертификат од оваа област. Членува во повеќе комисии и работни групи.

Д-р Тони Коњановски, во време на КОВИД кризата, ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост. Тој е и моментален советник во Советот на општина Битола. Во изминатите години активно членува во Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Фамилијарен човек, татко на две деца.

4. Општина Струмица – г. Жан Дрвошанов

Жан Дрвошанов роден 1967 во Струмица. Дипломиран економист, дипломирал 1991 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Оженет татко на две ќерки. Со долгогодишно искуство  од областа на финансиите и менаџирањето со сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица.

5. Општина Кичево – Доктор Александар Јовановски

Д-р Александар Јовановски има завршено Општа медицина на Медицинскиот факултет на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи во сопствена приватна здравствена установа, со претходно работно искуство како професор по медицина во средно општинско училиште „Мирко Милески“ во Кичево. Тој е сопруг и татко на три деца. Респектиран во својата општина и човек кој може да донесе промени и да работи за решавање на проблемите и за доброто на Кичево и на сите кичевчани.

6. Општина Крива Паланка – г. Александар Рангелов

Александар Рангелов е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Тој е поранешен директор на Центарот за култура, кој има значаен придонес во развојот на културата во Крива Паланка. Актуелен советник е во Советот на општината и потпретседател на ОК Крива Паланка, фамилијарен човек, татко на две деца. Високо ценет во општината, човек кој има идеи, план и визија за модерна Крива Паланка.

7. Општина Старо Нагоричане – г. Велибор Денковски

Велибор Денковски роден на 23.08.1984 во Куманово. Живее во Младо Нагоричане. Оженет и татко на малолетно дете. Дипломиран на Филолошки факултет во Скопје на катедра за ПиТ француски и англиски јазик. Претходно работел и како наставник по англиски јазик во основни училишта на територија на општина Старо Нагоричане и Куманово, потоа и ангажиран во МИОА како поддршка на проектот компјутер за секое дете. Моментално работи во фамилијарна фирма.

8. Општина Долнени – г. Ладо Глигороски

Ладо Глигороски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Долнени. Тој е чесен и семеен човек, татко на три деца. Активно се занимава со земјоделие.