Осум здруженија алармираат за труење и отстрел на животни

Сподели

Здруженија за заштита на животни алармираат дека по трагичниот настан, кога од напад на куче беше усмртено дете, граѓаните до нив масовно пријавувале труења на бездомни животни, па дури и нивно застрелување.

„Во однос на труењата расфрлан е високораздорен, смртоносен отров на секаде, во бројни градови и села во Република Македонија. Расфрлан е отров кој, при само вдишување е фатален за животните, но и секој возрасен човек, а камо ли дете. Отровот во храна е фрлан на високофрекфентни локации, шеталишта, игралишта, дури и детски градинки“, велат здруженијата во заедничка изјава.

Здруженијата бараат да не се злоупотребуваат лични трагедии и несреќи за да се убиваат животните и со тоа да се покрие одговорноста на институциите во однос на проблемот со бездомните кучиња.

Зад изјавата се наведени здруженијата Анима Мунди (Скопје), Анималиа (Охрид), Гласот за животните (Велес), Animal World (Струга), Мали херои (Битола), Спаси живот (Штип), Срце за животните Тиквеш (Кавадарци), ЕДЕН (Скопје) и Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ).

Целосната изјава и барањата на овие 8 здруженија може да ја прочитате на следниот линк: