„Осумте предавници кои избегаа во Грција ќе бидат екстрадирани во Турција”

Сподели

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговарал со својот грчки колега Никос Коцијас

thumbs_b_c_484db2d0c81d00e03b024820d8f71861

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговарал со својот грчки колега Никос Коцијас, јавува Anadolu Agency (AA).

Во разговорот, Коцијас го информирал Чавушоглу дека пребеганите војници, учесници во државниот удар, кои со хеликоптер пребегаа во Грција, ќе бидат екстрадирани во Турција.

„Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас, во телефонски разговор ме извести дека осумте предавници кои избегаа во Грција во најскоро време ќе бидат вратени во Турција”, истакна министерот Чавушоглу.