Единаесет полицајци добија отказ затоа што не одговориле на работните задачи за време на крвавиот четврток.
Информацијата за тв 24 ја потврдија од полицијата. Иако во изминатите неколку месеци се правеле проверки колку полицајци биле на смена на 27 април и дозволиле да ескалира насилството без да ги спречат инцидентите, засега единаесетмина од нив остануваат без работа.
По крвавиот четврток, настаните ги расветлуваше и јавното обвинителтсво и во меѓувреме беше покренато обвинение за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, а на четири години затвор беше осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шеќеринска.