Културно-едукативниот центар „Небрегово“, по повод 30 години од смртта на Блаже Конески, денеска во 11 часот кај споменикот пред МАНУ организира „Отворен час за бесмртниот Конески“.
На настанот ќе учествуваат ученици, студенти, професори и други почитувачи на Блаже Конески.
За ликот и делото на Блаже Конески ќе говорат Весна Мојсова-Чепишевска и Атанас Конески.