Ова се клубовите со најмногу играчи на ЕВРО 2016 во Франција

Сподели

Клубовите со најмногу играчи на Европското првенство 2016 во Франција се Ливерпул и Јувентус.

франција 2016

Тие ќе имаат по 12 фудбалери кои ќе истрчаат на теренот за најдобрите репрезентации во Европа.

Старата дама ќе ја претставуваат: Пол Погба и Патрис Евра (Франција), Леонардо Бонучи, Џорџо Челини, Симоне Заза, Стефано Стураро, Андреа Барзагли и Џанлуиџи Буфон (Италија), Стивен Лихштајнер (Швајцарија), Алваро Мората (Шпанија), Марио Манџукиќ (Хрватска) и Сами Кедира (Германија).

Кај Ливерпул се играчите: Кристијан Бентеке, Дивок Ориџи, Симон Мигнолет (Белгија), Џордан Хендерсен, Даниел Стариџ, Натаниел Клајн, Адам Лалана и Џејмс Милнер (Англија), Џо Ален, Дани Вард (Велс), Мартин Шкртел (Словачка) и Емре Кан (Германија).

Тотенхем трет со 11 играчи, а тоа се: Хари Кејн, Ерик Дајер, Кајл Вокер, Дани Роуз, Дејл Али (Англија), Тоби Алдервирелд, Јан Вертонген, Муса Дембеле (Белгија), Бен Давиес (Велс), Хуго Лорис (Франција) и Кевин Вимер (Австрија).

Во ТОП 10 клуба со најмногу играчи на ЕП 2016 се:

1. Ливерпул (12)
2. Јувентус (12)
3. Тотенхем (11)
4. Манчестер Јунајтед (10)
5. Баерн Минхен (9)
6. Барселона (9)
7. Фенербахче (9)
8. Реал Мадрид (8)
9. Арсенал (8)
10. Рома (8)

The post Ова се клубовите со најмногу играчи на ЕВРО 2016 во Франција appeared first on Спорти.


Source: Sporty