Паметните домови како наша сегашност и иднина

Сподели

 

Samsung Bespoke Home- наскоро доаѓаат иновативни апарати за домаќинство со фокус на животниот стил на корисниците

Виртуелниот настан Bespoke Home 2021, на кој компанијата Samsung Electronics ќе ги претстави најновите иновации за паметни домови со флексибилни и иновативни можности, ќе се одржи на 11 мај во 16 часот. Помеѓу уредите кои ќе бидат претставени, Samsung ја најави најновата Bespoke серија уреди за домаќинство и услуги, како и проширување на познатите Bespoke фрижидери на пазарот во различни региони, вклучувајќи ги Северна Америка и Европа.

 

 

„Многу сме возбудени што на корисниците ќе им покажеме модерен дизајн, флексибилни можности и паметни опции за поврзување во рамките на нашата визија за Bespoke паметен дом. На настанот ќе ги претставиме постојните апарати за домаќинство со проширени можности, како и комплетно нови производи и услуги. Покрај тоа, едвај чекаме со нив да ја споделиме и нашата упорност кон целите на глобалната одржливост и екологијата – светот многу се смени во текот на изминатата година и сега дојде време домашните апарати целосно да се прилагодат на новото нормално“, рече JaeSung Lee, претседател и директор на одделот за апарати за домаќинство во компанијата Samsung Electronics.

Филозофијата на паметниот дом што ги придвижува новите Bespoke апарати за домаќинство  да направат прилагодливи и флексибилни решенија кои лесно ќе одговорат на потребите на сечиј животен стил. Бидејќи домовите на корисниците воедно станаа и нивни канцеларии, теретани и училници, новите Bespoke паметни решенија овозможуваат максимално персонализирање на личниот простор, комбинирајќи ја функционалноста со совршено вклопување во ентериоерот. Некои од технологиите што ќе ги движат овие уреди вклучуваат SmartThings платформа, како и напреден систем за вештачка интелигенција кој на корисниците ќе им дава совети во секојдневните куќни обврски, како што се подготовка на оброк или организација на плакари.

Покрај тоа, Samsung голем фокус на овој настан стави и на создавање технологии кои овозможуваат поголема одржливост. Преку намалување на отпад и потрошувачката на енергија, Samsung е упорен во обезбедувањето долготрајни, енергетско-ефикасни производи кои заедно со корисниците ќе го намалат глобалното загадување.

Следете го Bespoke Home 2021 преку глобалниот Samsung YouTube канал или официјалната Samsung веб-страна, како и преку Newsroom.samsung.com.