Властите во Париз евакуираат околу 1.500 мигранти од импровизиран уличен камп. Градскиот совет на Париз соопшти дека мигрантите од областа Ле Шапел се преместени во други кампови во околината на градот. Ова е 34. операција на иселување мигранти во изминатите две години.
Градските власти проценуваат дека десетици лица кои бегаат од сиромаштија и од судирите во Африка и на Блискиот Исток, секојдневно доаѓаат во Париз, како и дека многу од нив заминуваат во пристанишниот град Кале, од каде се обидуваат илегално да преминат во Велика Британија.
Градоначалничката на Париз, Ен Идалго, ја повика владата да донесе закон кој ќе осигури нови мерки за сместување на мигрантите. Таа предупреди дека околниот центар не е доволно голем за да ги смести сите мигранти.
Бројот на мигрантите кои доаѓаат во Европа е зголемен летово и сè поголем број луѓе се движат по опасен пат кон европските брегови.