Државната изборна комисија синоќа ги разгледала кандидатските листи на политичките партии и коалициите, и на дел од нив им дала рок од 48 часа да ги отстранат констатираните недостатоци.
Како што соопштија од ДИК, најголем дел од забелешките се однесуваат на достава на трансакциска сметка за изборна кампања, уверение за неосуденост, изјави и копии од лични карти на кандидатите и слично. Најмногу за забелешки Комисијата имала за листите на Социјалдемократската партија на Македонија која достави листа со имиња слични со кандидатите на другите партии.
На 20 ноември со ждрепка ќе се утврди распоредот на кандидатските листи на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.