Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) упати повик за обединување за преку ставање на граѓанинот во центарот на интересот на државата, конечно и вистински да се демократизира македонското општество што ќе ги спречи манипулациите насочени кон држење на земјата во заложништво, од страна на поединци и на политички врхушки.
„Со вознемиреност го следиме повторниот и непромислен обид на владејачката политичка гарнитура, „подгреан“ од нивните „загрижени“ медиуми и поединци, со манипулации и со искривување на вистината, пред одржување на претстојните парламентарни избори, да почне нова политичка ујдурма и игра на сметка на меѓунационалните односи“, стои во соопштението.
ПОПГМ им порачува на сите политички субјекти, кои својата политичка понуда ја темелат на сатанизирање на политичките противници со измислени тези за нарушување на меѓуетничките односи, наместо со „лов на вештерки“ да се зафатат со решавање на преостанатите прашања кои се услов предвремените избори да се одржат на 11 декември годинава“, порачуваат од партијата преку соопштение.