Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Пацоли изјави дека има Албанци кои извршиле воени злосторства во Косово и дека за тоа ќе бидат осудени, пренесува МИА.
-Добро е што ќе има обвиненија против оние кои навистина извршиле воени злосторства и кои се виновни. Тие треба да се казнат, – изјави Пацоли.
Пацоли е убеден дека Специјалниот суд за воени злосторства во Косово нема да покрене обвиненија против косовската политичка елита, посебно против оние кои веќе биле судени во Европскиот суд1, како што е случајот со Харадинај.
Косовците веќе две години чекаат обвиненија од Специјалниот суд за воени злосторства, кој е формиран во 2015 година, по изгласувањето на одлуката од страна на косовските пратеници.