ПЕИ ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

Сподели

fiat-canovski

Партијата за европска иднина – ПЕИ ги информира медиумите, а преку нив и  своите членови, симпатизери и сите граѓани, дека одржа Седницата на Централниот одбор на партијата на ден 17.09.2016 год во Скопје со која претседаваше Претседателот Фијат Цаноски.

На седницата се дискутираше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија со посебен осврт на престојните Предвремени парламентарни Избори кој треба да сеодржат на 11 декември 2016 година. Согласно статутарните одредби на Партијата на Седницата беа предложени и усвоени неколку важни одлуки за дејствување во престојниот период. Пред се, се направија кадровски освежувања со кооптирање на нови млади кадри во партиските тела.

На предлог на претседателот г-дин Фијат Цаноски се избра нов подпретседател кој со овластување на претседателот ќе раководи со Партијата како ВД Претседател, бидејќи од здраствени причини Претседателот не е во можност да одговори на обемните активности кои се предвидени во престојниот период, таа функција во консултации со Претседателот ќе ја обавува Фарук Фератоски основач, член на највисоките партиски тела и  поранешен заменик министер од редовите на Партијата за европска иднина.

Исто така беше формирано Координативно тело од 11 члена кое ќе функционира како изборен штаб, телото ќе има интензивни оперативни и теренски активности. Од ова тело беа формирани неколку важни и специјализирани комисии составени од млади и етаблирани членови на Партијата кои многу ќе ја подобрат комуникацијата со базата и ќе бидат отворени да ги прифатат сите предлози што ќе доаѓаат од граѓаните, а ќе станат составен дел на изборната програма на Партијата за европска иднина – ПЕИ.

-“Воедно ги информираме сите медиуми дека сме максимално отворени за соработка, за одговори на сите новинарски прашања и за изнесување на наши ставови по однос на сите актуелности и политички случувања во Република Македонија.”