Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, до припадниците на ромската заедница во РС Македонија.
„Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ. Тој претставува сведоштво за историјата на ромската заедница и придонесува во зачувувањето на нивната уникатна култура којашто со своите карактеристики ја збогатува севкупната културна ризница во нашата држава.
На Светскиот ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето на негувањето на ромскиот јазик како чувар на традицијата, фолклорот и културата. Прикажувајќи ја суштината на ромскиот начин на живот, нивните приказни и нивните вредности, ромскиот јазик претставува мост до разновидното наследство на ромската заедница.
Поддршката за негувањето на ромскиот јазик е важна не само за зачувување на културното наследство на ромската заедница, туку претставува и начин за јакнење и збогатување на нашето мултикултурно општество. Унапредувањето на севкупниот образовен процес на децата Роми и обезбедувањето на соодветните услови е од клучно значење за натамошното негување на ромскиот јазик. Во таа насока, особено се значајни заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик.
Честит 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик!
Mesaži taro prezidenti Pendarovski sebepi 5 Novembro – E romane čhibjakoro sumnaleskoro dive
O prezidenti Stevo Pendarovski sebepi 5 Novembro – E romane čhibjakoro sumnaleskoro dive, bičhalgja akava mesaži dži preperutne ki romani khedin ki Republika Utarali Makedonia:
„I romani čhib si džanlo kotor taro romane džijaneskoro identiteti. Ov si tazdivipe baši romane khedinakiri historia thaj andarela ko garavibe tari lakiri unikatno kultura savi pire karakteristikencar barvarkerela o sahno kulturnikano mohto amare raštrate.
Ko Romane čhibjakoro sumnaleskoro dive daja džanlipe e romane čhibjakere arakhibaske sar garavutno baši tradicia, folklori thaj kultura. Sikavindor o džanlipe taro romano dživdipaskoro čhani, lengere paramisia thaj lengere moldipa, I romani čhib si purt dži turli kustik tari romani khedin.
O suporti baši romane čhibjakoro arakhibe si džanlo na salde bašo romane khedinakere kulturnikane kustikakoro garavibe, numa si thaj čhani bašo zurarkeribe thaj barvarkeribe tar amaro multikulturnikano sasoitnipe. O anglunikeribe taro sahno edukaciakoro procesi taro romane čhave thaj arakhibe adekvatnikane kondicie si taro nahtaralo džanlipe baši ponodorigutno arakhibe tari romani čhib. Odole dromarinate, ulavdeste si džanle o dendipa karing arakhibe kondicie baši majbaro institucionalnikano suporti bašo sikljovibe, istemalkeribe thaj garavibe I romani čhib.
Bahtalo 5 Novembro – E Romane čhibjakoro sumnaleskoro dive!