“Празниците се само потсетник дека секој ден треба да бидеме солидарни и да им помагаме на нашите социјално загрозени сограѓани. Вашиот глас за број еден е глас за заедништво, рамноправност, за континуитет на искреноста и на чесноста.
На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите. Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество. Квалитетни, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста. Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставување стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат.
Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето.”
ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски