Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите за реформа на безбедносните служби

Сподели

 

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија и на Законот за Агенција за национална безбедност. Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби.

 Со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за прв пат во Република Северна Македонија, се формира Совет за координација кој ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност.

 Во Советот за координација се претставени сите институции кои имаат надлежности во сферата  на одбраната и безбедноста.

 Со Законот за Агенција за национална безбедност прецизно се регулира собирањето на податоци и информации значајни за безбедноста и одбраната на државата.