Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември – Денот на независноста, денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје.
Почит за првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Не ги забораваме неговите заложби за мир и стабилност.
Почит за загинатиот претседател Борис Трајковски. Ќе остане запаметен како лидер визионер, изјави претседателот Стево Пендаровски.