Вести Македонија Ударни вести

Пендаровски по повод Денот на отпорот на Ромите: Нема простор за кршење на човековите права, антициганизмот, дискриминацијата

Сподели:

 

По повод 16 мај – Денот на отпорот на Ромите, претседателот Пендаровски ја упати следната порака:

„Денеска се потсетуваме на 16 мај 1944 година, денот на храбриот отпор на Ромите за време на Втората светска војна. Овој датум го означува нивното спротивставување на идеологијата на нацистите, како и борбата за живот.

Вооружени со чекани, лопати и дрвени предмети, неколкуте илјади ромски затвореници, мажи и жени, се спротивставиле на планираното погубување од страна нацистите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау.

Овој датум нè потсетува дека нема простор за кршење на човековите права, антициганизмот, дискриминацијата. Наша одговорност е да создаваме современи општества промовирајќи ги човековите слободи и права, хуманоста и меѓусебното почитување.“

 

Mesaži taro prezidenti Pendarovski sebepi e Romengoro mamujipaskoro dive 

Sebepi 16 maj – e Romengoro mamujipaskoro dive, o prezidenti Pendarovski bičhalgja akava mesaži:

„Avdive daja amen godi ko 16 maj 1944 berš, dive taro Romengoro mamujipe ko vakti tari Dujto sumnaleskiri mareba. Akaja data sikavela lengoro mamujkeribe baši nacistengiri ideologia, sar thaj i mareba bašo dživdipe.

Šastrime tokmakoncar, lopatencar thaj kaštale bukjencar, o nekobor mile romane phanle manuša, murša thaj džuvlja, mamujkergje pe planirime mudaribaske tari nacistengiri rig ko koncentraciakoro logori Aušvic-Birkenau.

Akaja data dela amen godi kaj nane than bašo phagipe taro manušikane hakoja, anticiganizmo, diskriminacia. Amaro responsabiliteti si te kera modernikane sasoitnipa promovirindor o manušikane tromalipa thaj hakoja, humanipe thaj maškarpumari sajgia.“

Сподели: