Пендаровски-Столтенберг: НАТО да продолжи со поддршката на Украина

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Двајцата соговорници дискутираа за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласија дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.