АТИНА (АА) – Пензионерите во Грција денес излегоа на антивладини протести, на тој начин изразувајќи го незадоволството од новите мерки за штедење во рамките на пограмата за помош, пренесуваAnadolu Agency (AA).
Пензионерите мирно маршираа низ Атина, кон зградата на Министерството за труд, а нивниот најголем синдикат во земјата закажува 24-часовен штрајк за 8 декември.
Под притисок да се направат нови кратења, левичарската грчка Влада наметна намалување на пензиите што ги исплаќаат државните фондови.
Инспекторите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската Унија (ЕУ) овој месец пристигнуваат во Атина за да ги надгледуваат реформите и мерките за штедење.
Во склад со договорот на Грција со кредиторите од кои зависи, грчката економија мора да забележи економски раст до 2017 година.
Во рамките на минатогодишната програма за помош, вредна 86 милијарди евра, Грција презеде обврска да спроведе серија реформи, меѓу кои е и промената на пензискиот систем и пазарот на труд, за да го избегне банкротот.