Пет нови авиолинии до скопскиот аеродром од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Сподели

Се отвораат уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн, изјави министерот Николоски.

“Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. 

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. 

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии”, додаде министерот Александар Николоски.