Петровска: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина

Сподели

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на официјалниот ФБ профил, објави изјава за ТВ 24, каде изјави дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина.

„Морам да напоменам дека во целост ги поддржуваме напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент“, изјави министерката Петровска.

Министерката Петровска посочи дека земјава недвосмислено го поддржува и почитува Вашингтонскиот договор, како и сите фундаментални договори и документи, кои ја гарантираат безбедноста на Европа.