Петровска му понуди на Никос Дендиас помош за справување со пожарите

Сподели

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Грција Никос Дендиас, со кого разговараше за состојбата со пожарите во соседна Грција.

Во телефонскиот разговор, министерката за одбрана Славјанка Петровска изрази жалење за пожарите кои ја зафатија соседна и сојузничка Грција и понуди помош во справувањето со огнените стихии.

Двајцата министри се согласија дека како соседи, но пред сè како пријателски и сојузнички земји многу е важно меѓусебно да се помагаме.

Инаку, во РС Македонија, уште во месец мај во Армијата е дадена наредба од страна на Генералштабот за воведувања на дежурства во Касарните, но и во хеликоптерската единица, кои се подготвени во случај да има потреба, веднаш да бидат ангажирани.