ПИРАТИ НЕ МОЖАТ ДА ПРАВАТ ВЛАДА! – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

 

Интересно, што 14 години пред да се случи трагедијата на „Титаник“, еден американски писател по име Морган Робертсон, во 1898 година напиша книга со наслов “Futility” („Бескорисност“), кај што авторот пишува за некој проклет брод со име “Титан“ кој потонал, при тоа се удавиле многу луѓе. Чудно што особините, големината, брзината, рутата, а и изгледот од бродот „Титан“ се идентични со несреќниот брод „Титаник“! По несреќата, книгата со нов наслов – “The Wreck of the Titan” („Руина наТитан“) – стана бестселер.
Сто години подоцна почна да тоне еден друг „Титаник“, поради неговата злосторничка посада која беше на пат да удави над милион луѓе. Над 600 илјади изнапатени патници со маки успеаја на времеда го напуштат бродот и испловија во неповрат, а над милион други истото би го направиле кога би нашле чамци за спасување. Бродот бил киднапиран од пијани и лудаци, гусари кои тепаа, пљачкосуваа, силуваа, убиваа, а цело време велеа дека тоа го прават задоброто на патниците. А на патниците најпрвин им го уништија човечкото достоинство, а потоа се друго.
Од три реномирани меѓународни извори е потврдено дека за десет години од државата исчезнале пет милијарди долари (види Global Finacial Integrity)! Економијата е опустошена (спаѓаме во друштво на 10 најслаби економии на светот). Клучна Европска организација “Europe’s Health Care Services“, во ранг листата од 1 до 40 не` рангира на последното 40 место по квалитетот на здравствени услуги. На самиот светски врв сме по умирањето на новороденчиња. А соседни држави кои пред десетина години беа многу зад нас, сега се високо рангирани – Албанија на 17 место, Бугарија на 24 место, Србија на 30 место (оваа последната 10 години војувала). Во 2015 година умреле над две илјади лица повеќе отколку во 2004 година. Значи нивните лопати интензивно погребувале. Фридом Хаус не рангирала во дното на светската листа заедно со Мозамбик, Колумбија, Нигер и Папуа Нова Гвинеја, додека елитна куќа “Репортери без граници“ не рангирала на 123 место заедно со Афганистан. А пред седум години бевме рангирани на високото 34 место заедно со Велика Британија, Словенија и Шпанија.
А сега, лудаци, будалетинки, индијанци се во паника, иако глумат неприкосновена сила за да го одржат оптимизмот кај нивните поддржувачи, но тој сега се топи како мајскиот снег. Очајниот капетан со сиот глас се заканува дека на клоци ќе расчистел со туѓите мрачни сили и петтоколонаши на бродот, ама глечерот опасно се наближува. Гласот му се зголемува пропорционално со намалувањето на неговата сила и поддршка. Сфаќа дека со ништо не може да се поврати загубената доверба стекната со лаги и измами. Неговите зборови сега стануваат неразбирливи, беззначајни, ефтини и смешни. Долгите ножеви сами по себе се доказ за кратките умови.
И во овие последни мигови кога режимот веќе пушта душа, никој здрав не очекува здраво однесување на бледата имитација – шеф на државата. Тој ќе биде послушен на режимот и после неговата смрт, оти се плаши и од мртви. Па затоа не се исклучува можноста, наместо да бара доказ за мнозинство, тој да дејствува со логиката на празни бројки. Нему ништо не му значат милјардите кои треба да се вратат! Тој не ја разбива главата дека Груевски е искаран со целиот свет! Нему не му е грижа дека тешките злоупотреби имаат потреба за име! Нему не му е гајле што прислушкуваните имаат право на сатисфакција! Нему не му значи ништо што судсвото беше претворено во заштитник на криминалот! А и тоа дека државата стаса до светско дно по сите параметри! Не сфаќа дека некој треба да одговара поради толкави пирамиди и масовни гробници! Не го интересира евроатланската агенда, а ниту мнозинството гласачи кои гласаа за промени! Неговиот ум уште е врзан за душевно болни водачи кои државата ја претворија во лудница. Некој дворски шут настојува да верува дека ако не се држат заедно ќе висат одделно.
Тоа што е невидливо за Иванов, кристално е јасно за меѓународната заедница. Таа нема да ја држи страната на режимот кој државата и официјално ја претвори во „заробена земја“. Таа и така чувствува своја одговорност што допушти безопасното џуџе да прерасне во опасен џин, кој сега се заканува со регионална дестабилизација. Од непознати причини таа дозволи државата да биде киднапирана, осиромашена, опљачкена. И сега тука веќе се е мртво, само надежта уште дише. Таа мора да помогне за да се погребат алатките за уништување на судбини. И затоа на режимот мора да му се отсвири крај. Ова беа деветти пат парламентарни избори, па ќе мора да докажеме дека излегуваме од деветиот круг на Дантеовиот пекол!?
На идната власт и претстојуваат многу работи. На повеќе полиња треба да се почне од нула или од минус икс. Првин ќе треба специјална контрола за утврдување на директните и индиректните имоти на партиски и државни функционери. Погрешна е помислата дека во моментот е потребна влада на широка коалиција, оти таа при наши услови е тотално нефункционална. Кој не знае каде оди, веројатно таму ќе стигне. Тоа е можно само ако ВМРО го разреши Груевски и назначи друг лидер со поинаков ментален склоп. Но, сеуште вмровците во себе мрморат и шепотат, и никако да смогнат сили да го избркаат киднаперот од кормилото на бродот. Дотогаш треба да знаеме дека никогаш не треба да му приоѓаме на јарецот од напред, на коњот од страна и на манипулантот од која и да е страна.
Вака како што е, потребно е нова политичка влада со нови субјекти, а локалните избори да се одложат за шест месеци, па во октомври нови парламентарни и локални избори. Дотогаш, СЈО и новите редовни обвинители треба длабоко да навлезат во срцето на криминалот. А ние што пред многу години укужувавме за тонењето на „Титатник“ камо среќа да погрешевме.