Пирло ќе се бара нова работа – Доби отказ од турскиот прволигаш!

Сподели

Loading

Легендарниот играч на Милан, Андреа Пирло (44) доби отказ од турскиот прволигаш Карагумрук.

„Ние им дозволивме на Андреа Пирло и неговиот персонал предвреме да го напуштат клубот за да можат да си ја планираат иднината. Ќе се обидеме да победиме во преостанатите натпревари во лигата и да го искористиме времето за да направиме план.

,,Среќни сме што работевме една сезона со Андреа, кому му благодариме за придонесот во клубот. Му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во официјалното соопштение на Карагумрук, деветтиот клуб во турскиот шампионат.

Пирло го презеде тимот во јуни минатата година, а неговиот договор траеше до јуни оваа година, односно околу уште еден месец, што значи дека заминал некое време пред истекот.

Последниот натпревар како тренер на Карагумрук го имаше во 35. коло од турскиот шампионат, кога загуби со 1:4 од Трабзонспор.

Пирло имаше фантастична играчка кариера помината во Милан и Јувентус, додека како тренер го водеше тимот на Јувентус до 23 години и првиот тим, а потоа и турски Карагумрук.

The post Пирло ќе се бара нова работа – Доби отказ од турскиот прволигаш! first appeared on .

Powered by WPeMatico