Планот на Илон Маск до Марс

Сподели
Илон Маск, основач, извршен директор и еден од главните ракетни инженери во команијата за вселенски летови СпејсЕКС, ја претстави својата визија и план за да му овозможи на човештвото да прерасне во мултипланетарна раса. Неговиот прв чекор ќе биде овозможување на постојани живеалишта на Марс, а потоа и истражување на други делови од Сончевиот систем со помош на „Меѓупланетарниот превозен систем“.

Марс патник

Уметничка претстава на пристигнување на првите патници на Марс (с) SpaceX
Според Илон Маск значително ќе се намалат трошоците доколку се обезбеди систем кој максимално ќе биде адаптиран за повеќекратна употреба, ќе може да се полни со гориво во орбита, изборот на гориво ќе биде лесно достапен на Марс и ќе може таму да се произведува.

Меѓупланетарен превозен систем

Графичка претстава на функционирање на целиот систем (с) SpaceX
Концептот за Меѓупланетарен превозен систем предвидува употреба на ракети, и вселенски бродови за повеќекратна употреба кои ќе се снабдуваат со гориво во орбита. Меѓупланетарнито вселенски брод ќе биде поставен во орбита каде во неколку наврати ќе биде надополнуван со гориво со помош на вселенските танкери. Оттаму бродот полн со гориво би можел да стигне за 80 дена до Марс, со што во иднина тоа време би можело да се преполови.
Тој наведе дека секоја ракета би се употребила барем 1.000 пати, танкер за гориво до 100 пати и само 12 пати за вселенските бродови.

Picture

Споредба на големините на досега употребуваните ракети, нивните имиња и нисивост до ниска орбита (с) SpcaeX

Ракетен мотор

Ракетните мотори Раптор се веќе во пробна фаза (с) SpaceX
Можеби еден од најневозможните и тема која моментално е комплетно во доменот на научна фантастика е идејата за тераформирање на Марс. Тоа значи дека треба да се поттикнат процеси за оформување на значителна атмосфера со што би се овозможило на Марс да се живее без скафандер. Но за жал за оваа област нема никакви детали на каков начин планира ова да го постигне.
Останува да видиме како целата идеја која сигурно има уште стотици отворени прашања ќе се реализира во стварност.