По 248 часа под урнатините спасена е 17 годишна девојка во Турција

Сподели

 

Mлада девојка е извлечена од урнатините на урната зграда 248 часа по земјотресот што ја погоди јужна Турција иако надежите за пронаоѓање на уште преживеани исчезнуваат, објави турската агенција Анадолија.

Спасувачите ја пронајдоа Алејна Олмаз (17) жива под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Караманмарас. Таа е префрлена во болница за укажување лекарска помош.

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција минатата недела, соопшти во четвртокот Агенцијата за катастрофи на земјата.