По една деценија стартува авионската линија Атина – Скопје

Сподели

 

Денска по повеќе од една деценија Македонија и Грција го обновуваат директниот лет на релација Скопје – Атина, кој беше прекинат откако владата на ВМРО ДПМНЕ го наименува аеродромот во Скопје во „Александар Велики“.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ќе присуствуваат на првиот лет.

Летовите ќе бидат два пати неделно. Авионската линија ќе се одвива секој вторник од Атина и ќе тргнува во 9 часот по локално време, додека во четврток летот од Атина е во 18.40 часот, а од Скопје во 19.25 часот.