Министерството за здравство со жалење инормира дека синоќа на ЈЗУ СБГА “Мајка Тереза” – Чаир, почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе.
Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено.
Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез.
Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести.
Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт, соопштуваат од Министерството за здравство.