По кратко и тешко боледување на 74 годишна возраст, почина актерот Славко Нинов. Целиот работен век го помина во МНТ, несебично вложувајќи се и на сцената и во раководењето на театарот. Незаборавни се неговите креации во претставите на режисерот Бранко Ставрев, а Нинов ќе остане запаметен и по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и др. Погребот на Славко Нинов ќе се одржи утре во 13 часот на гробиштата во Бутел, соопштија од МНТ.