Италијанскиот композитор Енио Мориконе, генијот кој стои зад многу познати филмски музички теми, почина на 91-годишна возраст, откако му се искомплицирала состојбата по кршењето на бутната коска.
Во повеќедецениската кариера Мориконе направи музика за филмовите „За шака долари“, „Беше еднаш во Америка“, „Малена“, „Недопирливи“ и многу други, а шест пати беше номиниран за Оскар.
Композиторот и диригент ја има напишано музиката за повеќе од 500 филма во текот на неговата сјајна кариера, а со својот квалитет се стекна со прекарот „Маестро“.
Мориконе има добиено два „Оскара“, еден во 2007 и еден во 2016 година, а беше светски познат по соработката со Серџо Леоне, создавајќи ги музичките записи за филмови како „За некој долар повеќе“ и „Добриот, лошиот и грдиот“.
(фотографија youtube)