Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли

Сподели

 

Претседателот на Европскиот парламент, италијанскиот социјалдемократ Давид Сасоли, почина синоќа во Италија на 65-годишна возраст, соопшти неговиот портпарол.

„Давид Сасоли почина на 11 јануари во 1:15 часот во CRO (Онколошки референтен центар) во Авијано, Италија, (северно од Венеција), каде што беше хоспитализиран од крајот на декември“, објави на Twitter Роберто Куило, портпарол на Сасоли.

Сасоли, поранешен новинар, беше на чело на парламентот во Стразбур од 2019 година. Неговиот мандат заврши овој месец, на половина од петгодишниот мандат на законодавниот дом.

Изборите за негов наследник се закажани за 18 јануари.