Еден од најпознатите српски и југословенски спикери Миодраг Здравковиќ почина во 90 година. На телевизија почна да работи во 1960 година и веднаш се издвои како појава со својата вештина на соопштување.
Ги читаше првите вести за атентатот на Џон Кенеди. Трагичните настани во Чехословачка, во август 1968 година поминувајќи цели три часа во студиото соопштувајќи ги непрекинато пристигнатите вести. Нешто слично се повтори и во текот на Конференцијата на неврзаните во Каиро.
Несомнено најнезгодната должност во рамките на свeото работно место во својата блескава спикерска кариера ја имал во недела 4 мај 1980 година, кога после краткиот и невообичаен прекин на програмата на нацијата и ја соопшти веста за смрта на Јосип Броз Тито.