Вчера меѓу шесте починати битолчани имаше и двајца на 38 и 39 години. За нив од Министерството за здравство велат дека двајцата пацинети во Битолската болница биле донесени во многу тешка состојба.
„Двајцата пациенти во Болницата во Битоа се донесени во многу тешка состојба. 39 годишниот пациент, 12 дена се лекувал сам дома, со екстремно ниска сатурација 38%, откако бил хоспитализиран веднаш бил ставен на кислородна терапија, а му била давана и интензивна терапија по протокол, болеста прогресирала. Пациентот немал коморбидитети. 38 годишниот пациент исто бил хоспитализиран во тешка состојба со ниска сатурација 61%, со масивна бронхопневмонија и тој бил ставен на кислородна поддршка. Имал хипергликемија“, изјавија од Министерството за здравство за Апла.мк.